Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕК: Ќе расте задолженоста на Македонија

ЕК: Ќе расте задолженоста на Македонија
Јавниот долг на Македонија годинава ќе се зголеми за 2%, прогнозира Европската комисија. Долгот, кој лани бил 35,4% од БДП, годинава се очекува да достигне 37,4%, а в година дури 38,9% од БДП. По ланските 4%, буџетскиот дефицит на земјава се предвидува годинава да се намали на 3,8% од БДП. Комисијата препорачува понизок дефицит за Македонија, со цел да не се зголемува дополнително јавниот долг. „Сепак, вкупниот јавен долг, кој го вклучува и долгот на претпријатијата во државна сопственост, јавните агенции и јавните финансиски институции, најверојатно ќе биде значително повисок. Тоа, исто така би го опфатило и новоформираното Јавно претпријатие за државни патишта преку кое Владата ќе ги канализира значајните трошоци за патна инфраструктура, а кое може да позајмува во свое име со долг гарантиран од Владата“, наведуваат од Еврокомисијата. Според прогнозите на Европската комисија, македонската економија годинава ќе расте со стапка од 2,5 проценти.
Слично

Поврзани вести