Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕК ќе го одобри безвизниот режим за Турција без таа да исполни и половина критериуми

ЕК ќе го одобри безвизниот режим за Турција без таа да исполни и половина критериуми

Европската комисија ќе го одобри утре условното воведување на безвизен режим меѓу Шенген зоната и Турција, соопшти извор на БиБиСи.

Одлуката за укинување на визите треба да биде дел од договорот меѓу Турција и Европската унија за решавање на имиграциската криза, која се изостри на крајот на минатата година. Голем број бегалци од различни земји во Блискиот Исток и Азија пристигнуваат во Грција од турското крајбрежје на Егејското Море, од каде го продолжуваат својот пат кон земјите од ЕУ.

Во замена на безвизниот режим турските власти ќе треба да прифатат назад дел од мигрантите, кои дојдоа во ЕУ, и да преземат мерки за запирање на мигранткиот поток.

Турција се уште не ги исполнила европските барања за согласност со европската внатрешна политика, особено рамноправноста меѓу политичките сили, слободата на говорот и политичките права за малцинствата.

Според запознаени извори страните се договориле дека до 4 мај Турција мора да исполни 72 услови кои ќе и обезбедат обезбедување на безвизен режим. Сепак, дипломатите велат дека до денес се исполнети ни половина од критериумите.

Слично

Поврзани вести