Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕК ЌЕ ЈА СЛЕДИ СОСТОЈБАТА: „Има нешто“ на македонско-грчката граница

ЕК ЌЕ ЈА СЛЕДИ СОСТОЈБАТА: „Има нешто“ на македонско-грчката граница

Oд Eвропската комисија денеска соопштија дека „има нешто“ на македонско-грчката граница која деновиве е затворена за проток на луѓе и стоки.

Ова следи откако побараа време за „дополнително да проверат“ какви проблеми и создава на Mакедонија штрајкот на грчките фармери,

Како што јавува МИА, портпаролката на ЕК, Маја Коцијанчич, за разлика од нејзината колешка Луција Куде, која вчера на прес-конференција во Брисел рече дека „ЕК има информации од грчките и бугарските власти за проблем само на нивните граници“, денеска со став дека „Брисел ја следи состојбата“ и на проблемот на јужната македонска граница.

Ќе продолжиме да ја следиме состојбата многу внимателно, особено во контекст на спогодбата за стабилизација и асоцијација, посочила Коцијанчич.

Слично

Поврзани вести