Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕK им порачува на балканските возачи: Правилата важат за сите

ЕK им порачува на балканските возачи: Правилата важат за сите

Европската комисија (ЕК), не покажува подготвеност да ги задоволи барањата на професионалните возачи поврзани со подолг престој во Шенген зоната за нивните работни обврски. 

„Партнерите од Западен Балкан се охрабруваат да ги искористат одредбите за долгорочни визи и дозволи за престој или флексибилноста предвидена во Шенгенските правила, особено во однос на правилата за прекугранични работници“, изјави портпаролот на ЕК, Гијом Мерсие.

Шенгенските правила им дозволуваат на патниците максимум 90 дена престој во кој било 180-дневен период на целата територија на Шенген зоната. Ова ги вклучува и државјаните на кои не им е потребна виза за влез. 

Правилата за прекугранични работници во ЕУ, што значи живеење во една земја и работа во друга, со дневно или неделно враќање, се однесуваат на социјално осигурување, оданочување и работни дозволи.

Принципот на прекуграничните работници е дека социјалното осигурување се плаќа во земјата каде што се извршува работата.

Минатата недела се одржа состанок помеѓу Европската комисија и земјите од Западен Балкан на ниво на работни групи.

Во последните денови на јануари 2026 година, возачи на камиони од Србија, Босна и Херцеговина, Северна Македонија и Црна Гора организираа блокади на граничните терминали кон земјите членки на Европската унија (EU), протестирајќи поради строгите правила за времетраењето на престој во Шенген зоната. 

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести