Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕК: До 20-ти август Грција ќе ја добие првата транша

ЕК: До 20-ти август Грција ќе ја добие првата транша

Успехот на преговорите во Грција и кредиторите и овозможуваат на земјата да ја добие првата транша од третата програма за помош на Атина до 20-ти август, кога земјата треба да и плати на ЕЦБ. Ова го изјави портпаролката на Европската комисија Мина Андреев, цитирана од агенциите.

„Договорот е можно за да се обезбеди првата транша од помошта за Атина до 20 август, кога таа треба да направи плаќање кон ЕЦБ“, изјавила портпаролката.

Од 5 август Грција ќе започне детално да работи врз текстот на договорот со кредиторите по третата програма за 86 милијарди евра.

Во понеделникот претставник на Министерството за финансии на Грција, за новинарите изјавил дека првиот круг од разговорите со шефовите на мисиите на доверителите ќе биде завршен на 5 август.

Денес министерот за финансии Евклидис Цакалатос и шефот на Министерството за економија, инфраструктура, трговијата и туризмот Јоргос Статакис разговараат со претставници на доверителите за рекапитализација на банките и функционирањето на приватизациoниот фонд.

Од разговорите во Атина зависи дали ќе има доволно време за договор во рокот кој се залага балканската земја. Задачата е да го направи до 20 август, кога Грција треба да им плати на ЕЦБ 3,2 милијарди евра.

Владата очекува да потпише конечен договор со институциите до 12 август, по што тој треба да биде ратификуван во парламентите на земјите од еврозоната. Парламентот на Грција ќе гласа овој документ на 18 август.

Слично

Поврзани вести