ЕК: Без разлика кој прислушува, Македонија треба да ги истражи обвинувањата
Еврокомесарот за добрососедските односи и политика на проширување Јоханес Хан изјавил дека ЕК е загрижена поради политичката ситуација во Македонија, пренесува „Deutsche Welle“.
Според Хан ЕК е загрижена поради селективниот приод на судскиот систем, проблемите со слободата на говорот, како и недостатокот на дијалог, кои се заострени во кризата.
Тој истакнал дека при посетата на Скопје во февруари оваа година ги предупредил политичките лидери дека си играат со иднината на земјата.
Според зборовите на Хан без оглед кои се изворите на аудиата од прислушувањето, кои се прикажани од опозицијата, тие треба да бидат испитани од институциите.
„Без разлика на изворите на прислушувањето, тие треба да бидат испитани и секоја потенцијална злоупотреба, која се отвора во нивната содржина, мора да биде под истрага и да има адекватни мерки. Особено ако се нарушуваат основните права, како што се слободата на говорот и поделбата на власта. Во период кога довербата во институциите е ниска, сите јавни лица треба да се однесуваат одговорно и да преземат одговорност за своите постапки“, изјавил Кан.
