Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕК бара „објаснување“ за буџетите на 7 земји од Еврозоната

ЕК бара „објаснување“ за буџетите на 7 земји од Еврозоната

Европската комисија побарала појаснување за предлог на 7 земји од Еврозоната. 

Комисијата смета дека Италија, Кипар и Финска не ги споделуваат целите на ЕУ. Писма со барање за објаснувања се испратени и до Белгија, Португалија и Литванија, соопштуваат светските медиуми.

„Со Италија, Кипар и Финска имаме реални проблеми“, изјавил претставник од ЕК. Според него трите држави можат да добијат одбивање за буџет.

Италија има шанса да стигне буџетски дефицит од 2,3% од БДП во 2017 година поради земјотресот во централниот дел на земјата во август и поради миграциската криза. 

„Ни треба појаснување за цифрите во нацрт, означени како „вонредни трошоци“ од Рим, кои ги испратиле европските комесари Валдис Домбровскис и Пјер Московичи.

Комисијата пишувала писма и до владите на Белгија и на Португалија. Нивните буџети се според правилата на ЕУ, но има сомневања дека можат да не се придржуваат кон нив.

Шпанија и Литванија исто така добиле барање да испратат детали за буџети, поради фактот дека и двете страни во моментов формираат нови влади.

„Во случај на откажување, ЕК ќе посака ревидиран буџет до три недели“, соопштува европски извор.

Слично

Поврзани вести