Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ејуп Рустеми: Поскапе изградбата на патишта

Ејуп Рустеми: Поскапе изградбата на патишта

Директорот на „Државни патишта“, Ејуп Рустеми, во „Клик21“ изјави дека во моментов нема финансиски средства за рехабилитација на автопатот Скопје-Куаново. Според него, тоа се случува откако цената на градежните материјали е зголемена и како резултат на тоа, обезбедените средства не успеваат да ги покријат трошоците за реконструкција на овој патен правец. 

„Во текот на целата оваа војна што се случи во Украина, со зголемувањето на цените, особено во областа на градежништвото, каде што имаме пораст од некаде помеѓу 55 и 63 проценти. Ова предизвика дополнителни проблеми. Тој заем кој беше 181 милион заврши и немаме како да го покриеме со тоа. Гледаме други финансиски можности бидејќи прво треба да ги најдеме финансиските средства“, рече меѓу другото Рустеми.

Рустеми додаде дека лани од наплата на патарина се собрале 46 милиони евра, додека годинава се планира да се соберат над 50 милиони евра.

„Во 2021 година бевме некаде околу 46 милиони евра, годинава плановите се над 50 милиони евра да се добијат од патни плаќања“, рече Рустеми, додавајќи дека овие финансиски средства не се доволни со оглед на големите инфраструктурни проекти што се развиваат во земјава. .


Слично

Поврзани вести