ЕИБ одобри кредит за Грција од 750 милиони евра
Европската инвестициска банка (ЕИБ) итно ќе ѝ додели 750 милиони евра кредит на Грција, во рамки на договорот што го потпишаа претседателот на ЕИБ, Вернер Хојер и грчкиот министер за финансии, Јанис Стурнарас. Овие пари ќе бидат инвестирани во различни сектори, како што се енергијата, образованието, сообраќајот и малите бизниси, објави „Волстрит журнал“, додавајќи дека во малите бизниси ќе бидат вложени 440 милиони евра.
Во јули, грчкото министерство за финансии соопшти дека ЕИБ ќе ѝ’ даде на Грција 1,4 милијарда евра до 2015 година. ЕИБ, исто така, ќе ѝ помогне на Грција во изградбата на неколку автопати. На грчкиот приватен сектор му недостигаат пари бидејќи земјата веќе петта година е во рецесија, која го прекина приливот на банкарски заеми.
Владата во Атина се надева дека наскоро ќе ја добие новата транша од „тројката“ кредитори во висина од 3,5 милијарди евра, што ќе ѝ овозможи да ги исплати долговите. Пуштањето на траншата зависи од тоа дали Европската унија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд ќе ја одобрат владината програма за намалување на државните расходи.

Слично