Египет на пат да ја забрани бурката
Египет е на пат да ја забрани бурка, а Владата подготви закон кој ќе го забрани носењето на бурка.
Наскоро во Египет ќе може да се носи бурка, но само дома. Владата подготвува посебен закон кој ќе го забрани покривањето на лицата на јавни места. Промената ќе влијае на многу голем дел од општеството, бидејќи многу луѓе во земјата сметаат дека од телото треба да се гледаат само очите.
Професорката Амна Носеир од универзитетот „Ал-Азхар", изјави дека во религиозната книга е запишано дека жените треба да носат скромна облека и косата да им биде покриена, но не и целото лице.
Бурни реакции во јавноста предизвика жена од Иран, која на социјалните мрежи објави фотографија како вози без бурка, што е строго забрането во нивната земја и се смета за неморално однесување. Таму жените не смеат да се движат со откриено лице, а без дозвола на мажот не можат да ја напуштат земјата.
Слично
