Египет е најзависен од руската и украинска пченица: Фиксна цена на лебот и казни до 250.000 евра
Египет воведе фиксни цени на лебот поради руската инвазија на Украина. Египет е најголемиот увозник на пченица во светот, купувајќи повеќе од 60 отсто од својата пченица од странство; околу 80 отсто од пченицата е увезена само од Русија и Украина минатата година.
Прекршувањето на фиксните цени ќе резултира со казни од 100.000 до пет милиони египетски фунти (5.000 до 250.000 евра)
Египет постави фиксна цена за лебот во обид да се спротивстави на растот на цените на храната откако руската инвазија го затвори пристапот до украинската пченица со пониска цена, пренесува Фена.
Цените на храната во Египет се зголемија пред руската инвазија на Украина, но сега лебот - симболична основна храна од која многу Египќани се во голема мера зависни - станува поскап бидејќи украинскиот извоз на пченица е нарушен.
Цената на несубвенционираниот леб скокна за 25 отсто - од една на 1,25 египетски фунти [од пет до шест евроценти] по векна - во некои пекарници во трите недели од руската инвазија на соседот. Цените на брашното се зголемија и до 15 отсто, изјави Атија Хамад во Стопанската комора во Каиро.
Минатата недела претседателот Абдел Фатах ал-Сиси побара од владата да одреди цена за несубвенционираниот леб поради неодамнешното зголемување на цената.
Повеќе од 30 отсто од 103 милиони жители на Египет се потпираат на приватниот сектор за леб, додека други купуваат субвенциониран леб по децениска фиксна цена од 0,05 фунти за векна.
Египет е најголемиот увозник на пченица во светот, откупувајќи повеќе од 60 отсто од пченицата од странство, а околу 80 отсто од пченицата беше увезена од Русија и Украина минатата година.
