Економија, финансии, бизнис

Контакт

Египет: Данокот за пиво скокна за 200%

Египет: Данокот за пиво скокна за 200%
Со декрет на претседателот на Египет данокот на цигарите порасна за 50 одсто, а на пивото за 200 одсто.

Оваа одлука е најнова во серијата на прописите чија цел е намалување на големиот дефицит во државниот буџет, кој е три години по државниот удар за 12 отсто од бруто домашниот производ.

Претседателот Абдел-Фатах Ел-Сиси, поранешен командант на армијата, беше избран за шеф на државата минатиот месец, најави тешки одлуки за заживување на пропаднатата економија.

Овој викенд, Ел-Сиси делумно ги укина субвенциите за гориво како политички чувствително прашање кое го избегнуваа претходните лидери на Египет.

Во Египет, речиси 50 отсто од населението живее во сиромаштија, а владините субвенции за гориво и основните прехранбени производи јадат четвртина од државниот буџет.

Слично

Поврзани вести