Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕГЕЈОТ ЗЕМА НОВИ ЖРТВИ: 4 жени и 1 дете се удавија на пат кон островот Самос

ЕГЕЈОТ ЗЕМА НОВИ ЖРТВИ: 4 жени и 1 дете се удавија на пат кон островот Самос

Петмина мигранти - четири жени и едно дете - се удавија утринава во Егејското Море, недалеку од грчкиот остров Самос, откако бродот со кој тргнале од брегот на Турција, се превртел, пренесоа светските новински агенции.

„Пет лица се живи и здрави, но едно дете и четири жени загинаа при превртување на пластичниот брод, долг 3,5 метри“, соопшти за Франс прес грчката крајбрежна стража.

Инцидентот се случи еден ден откако два ферибота превезоа повеќе од 120 мигранти од грчкиот остров Лезбос назад во Турција, истакна Ројтерс.

Тоа беше втората акција за враќање на мигранти во Турција, согласно договорот меѓу ЕУ и Анкара за запирање на масовната миграција во Егејското Море кон Европа.

Слично

Поврзани вести