ЕГ: Грчкиот предлог стигна, ЕК вели дека не е!
Грчките власти денеска би требало да го достават списокот на своите реформи на Еврогрупата во рамки на договорот за продолжување за четири месеци кредитна помош на таа земја.
Извори блиски до преговарачите во Брисел соопштиле дека предлозите нa Грција веќе стигнале додека Европската комисија тоа го демантирала.
„Го добивме списокот“ рекол тој извор и додал дека во текот на денот ќе го разгледаат грчкитедоверители на Европската комисија, ММФ и ЕЦБ.
„Не го добивме списокот“, напишала портпаролката на Евопската комисија Мина Андреева на Твитер и додала дека „полека истекува рокот (до вечерва) а Комисјата разговара со грчките власти“.
Други европски извори изјавуваат дека кредиторите нема да донесат никаква одлука, туку че ја претстават својата прва проценка на списокот.
Министрите за финансии на еврозоната утре ќе одржат телефонска седница после што ќе ја соопштат својата проценка на грчкиот предлог.
