Ефтимоски повторно на највисоката позиција во Стопанска банка Битола
Владимир Ефтимоски, досегашниот претседател на Управен одбор на Стопанска банка а.д. Битола повторно е назначен на истата функција. Врз основа на Одлука на Надзорен одбор и согласност од Народната банка од 13 декември, Ефтимоски и понатаму ќе биде прв човек на банката.
На оваа позиција е од 2013 година односно веќе седма година. Ефтимоски и претходно односно во 2012 година беше советник во одборот, а има повеќегодишно искуство во банкарскиот систем во земјава. Важи за одличен познавач на финансиските текови.
Стопанска банка а.д Битола годинава во деветте месеци оствари позитивен финансиски резултат односно прокнижи добивка. Нето-приходите од камати во првите девет месеци изнесуваат 222,29 милиони денари, што претставува остварување на планот за третиот квартал со 93,34 проценти.
Од банката соопштија дека во следниот период ќе се фокусираат на воведување на конкурентни депозитни производи, зајакнување на депозитното јадро.
