ЕДС: Фирмите ќе добијат многу пониски цени за струја на либерализираниот пазар
Фирмите ќе имаат корист од целосната либерализација на пазарот на електрична енергија, затоа што ќе им донесе поевтина струја. Додека за граѓаните повеќе се исплати да останат на регулиран пазар, вели Кочо Анѓушев од ЕДС.
Ваквиот став тој го објаснува со високата цена за мрежарина, односно за користење на мрежата на ЕВН, која не дозволува либерализираната цена за домаќинствата да се спушти пониско од регулираната.
„Регулираната цена за електричната енергија за домаќинствата од 1 јануари 2015 година е 72 евра за мегават час, а на слободен пазар оваа цена не може да се достигне. Мрежарината е 38 евра, а цената на берза без никакви трошоци е 43-44 евра за мегават час. Регулираната цена е пониска, бидејќи државата дозволува граѓаните да го користат бенефитот од ниска цена на електричната енергија од ЕЛЕМ по 39 евра, што за нас е оправдано во овие социо-економски услови. Ние не можеме и не сакаме да ги натераме или да ги убедуваме граѓаните да плаќаат поскапо“, вели Анѓушев.
Иако вели дека има свој личен став, сепак тој не сака да коментира дали цената за мрежарина е превисока и остави тоа прашање да го решава Регулаторната комисија за енергетика.
Затоа ЕДС, како компанија лиценцирана за дистрибуција на електрична енергија, ќе се насочи кон фирмите, кои ќе имаат корист и ќе можат да обезбедат пониска цена на електричната енергија доколку излезат на либерализиран пазар.
„Ги повикуваме сите компании да одлучат кој ќе ги снабдува со електрична енергија бидејќи тоа е од нивен интерес. Изборот треба да се направи до 15 ноември оваа година. Ако не направат избор ќе бидат снабдувани во краен случај што значи ќе плаќаат поскапо од сегашната цена. Нашиот процес на давање на понуди е целосно транспарентен и секој што ќе побара понуда ќе види точно колку заштедува. Ние немаме скриени клаузули во договорот, тоа што компаниите го потпишуваат со нас, тоа и во реалност го добиваат. Затоа и досега 64% од нив ни дадоа комплетна доверба и задоволни се од промените, добиваат поевтина цена и целосна услуга од наша страна “, објаснува Анѓушев.
Според него, ЕДС има најдобри понуди за компаниите затоа што само оваа компанија може да гарантира стабилна ниска цена на електричната енергија за целиот рок на траење на договорот.
„Тој што поседува најголема балансна група на пазарот на електрична енергија, во случајов ЕДС со 64% удел, може да понуди услови кои се најдобри за компаниите. Тоа значи дека секој клиент на ЕДС ќе има загарантирана цена за времетраењето на договорот. Цените во просек се 40% пониски од сегашните и оваа намалување следи по падот на монополот за продажба на електрична енергија и влезот на ЕДС на пазарот со услови и цени кои се сега реални за индустријата“, изјави Кочо Анѓушев од ЕДС.
Од компанијата објаснуваат дека со менување на снабдувачот со електрична енергија, кај корисникот нема да има какви било промени, ниту во техничка ниту во кадровска поставеност на компанијата. Броилата, каблите и приклучоците остануваат исти, а од страна на ЕДС има комплетно прилагодување на новиот систем без никакви дополнителни трошоци. Тимот на ЕДС ќе прави индивидуални понуди за секоја компанија со што ќе им овозможи максимална заштеда на средствата. Од 1 јануари следната година сите ќе добиваат фактура истакната во две одделни сметки. Едната ќе се однесува на мрежарината и се плаќа директно на операторот на мрежата. Втората сметка е за потрошената електрична енергија и е издадена од снабдувачот, каде влегува и пазарнината кон МЕПСО.
Од ЕДС велат дека засега тие се единствени што ги информираат граѓаните за претстојната либерализација, бидејќи досега вакви кампањи не спроведуваат ниту нивните конкуренти, ниту Регулаторната комисија за енергетика.
Се проценува дека околу 50.000 фирми, од кои 10.000 поголеми, ќе бидат опфатени со последната фаза од либерализацијата, а голем дел од нив не се доволно информирани за бенефитите и за обврската до 15 ноември да изберат дали ќе останат на регулиран или ќе излезат на либерализиран пазар.
Секоја компанија што сака да ги види условите на ЕДС, да се информира за процесот на либерализација, да достави податоци за да добие генерирана понуда со истакната заштеда може да ја посети интернет страницата www.eds.mk.

Слично