Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕДС и ГЕН-И шампиони во продажба на струја на слободен пазар

ЕДС и ГЕН-И шампиони во продажба на струја на слободен пазар

ЕДС Скопје и ГЕН-И се компаниите кои оствариле највисока сума на приходи во своите категории на либерализирана продажба, односно едниот тргувајќи со малите и големите потрошувачи, а другиот на слободниот пазарот на големо.

Во првиот сегмент ЕДС Скопје има пријавено приход од 72,9 милиони евра и е на првото место меѓу конкурентите, држејќи го половина од пазарот формиран од 42 снабдувачи или трговци евидентирани од страна на Регулаторната комсија за енергетика, додека ГЕН-И доминира кај вториот со 56,96 милиони евра.

Продажбата под пазарни услови генерирала вкупен приход од 322 милиони евра минатата година.



Слично

Поврзани вести