Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕДС и ФЕРОИНВЕСТ: Енергија за македонскиот бизнис!

ЕДС и ФЕРОИНВЕСТ: Енергија за македонскиот бизнис!
Energy Delivery Solutions (ЕДС) e една од водечките македонски компании од областа на трговија со електрична енергија на пазарот на квалификувани потрошувачи. Со портфолио од 320MW, од компанијата велат дека е формирана најдобра балансна група и со тоа условите за снабдување со струја ги направивме најповолни на македонскиот пазар. Македонската компанија ЕДС во изминатата 2014 година покажа што значи вистинска конкуренција на либерализираниот пазар на струја, велат од компанијата. Тоа го аргументираат со фактот дека успеале за кус временски период со одлична понуда и реални цени на пазарот на струја да добијат повеќе од 64% од пазарниот удел. А како причини зошто најголемите македонски компании се одлучија за свој снабдувач за струја да го имаат токму ЕДС, велат дека се пониските цени, одлична испорака и гаранција за квалитет. eds1 „Покажавме дека постои вистинска промена кога има конкуренција. Конкуренцијата значи поголема понуда и поголема можност за избор. А изборот секогаш ве носи кај онаа компанија што има најголем квалитет и најдобра цена. Во тој домен, поради нашата балансна група, што е најголема на пазарот, ние сме единствени по понудата бидејќи имаме можност да маневрираме и да ја овозможиме во секое време цената договорена со клиентите“, изјави за Фактор првиот човек на ЕДС, Кочо Анѓушев Цената на електричната енергија на либерализираниот пазар на струја во просек се намали за 30% што придонесе за заштеда од 14 милиони на компаниите кои ја имаа таа привилегија да влезат во овој процес. Членка на меѓународната берза за набавка на струја ЕДС е единствена македонска компанија што има развиена мрежа за снабдување со електрична енергија и искуство во набавка на струја на слободен пазар. Во нејзиниот состав работат засега единствените лиценцирани брокери на берза за струја.  Компанијата е присутна на меѓународната берза за набавка на струја, што значи дека компаниите кои набавуваат струја од ЕДС ќе бидат сигурни во договорената цена и квалитетот на испораката. „Нашата визија е ЕДС да биде бренд препознаен како доверлив партнер на потрошувачите на електрична енергија, како социјално одговорна компанија која исто така, се грижи за животната средина и одржливиот развој, а сѐ со цел, нашата економија и општеството да имаат целосна и долгорочна полза“, велат од компанијата. Krim.struja Дополнително, ЕДС e меѓу првите македонски компании што ги користи бенефитите од обновливите извори на енергија. Од компанијата велат дека токму тие се први во изградба на малите хидроцентрали, со што потенцираат дека се единствена компанија во Македонија со знаење и искуство во овој домен. Групација Фероинвест Фероинвест е формирана во 2003 година и денес брои приближно 600 вработени. Составена е од неколку компании кои делуваат во металопреработувачката индустрија, како и во областа на обновливи извори на енергија и трговија со електрична енергија. Како групација, Фероинвест ја сочинуваат следните компании: Брако, Аквават, Мали Хидро Електрани, Езеро МХЕ, Другово-Студеница, Хидро Осогово и Energy Maintenance Solutions. БРАКО е лидер во производството на метални и челични жични и други производи кои се неопходни за индустријата, потрошувачката, медицината итн. Со оглед на својата долгогодишна дејност и квалитет на производите, БРАКО претставува лидер и во овој сегмент на индустријата во Југоисточна Европа. Prviot makedonski kamion proizveden od Brako_1 АКВАВАТ е водечко македонско биро за дизајнирање и проектирање, специјализирано за изведување на мали хидроелектрани. МХЕ СЕКТОР се состои од ЕЗЕРО МХЕ, ХИДРО ОСОГОВО, ДРУГОВО – СТУДЕНЧИЦА и МАЛИ ХИДРОЕЛЕКТРАНИ коишто сите заедно вклучуваат 19 мали хидроелектрани. МХЕ вклучува 7 мали хидроелектрани под концесија и е лидер во производството на електрична енергија во Македонија со корисење на вода од новоизградени акумулации. ЕЗЕРО МХЕ, ДРУГОВО-СТУДЕНИЦА и ХИДРО ОСОГОВО заедно вклучуваат 12 мали хидроелектрани. ENERGY MAINTENANCE SOLUTIONS е компанија специјализирана за одржување на мали хидроелектрани. „Фероинвест како модерна бизнис групација корпоративно е организирана врз принципот на самостојно пазарно дејствување на членките и интегриран менаџмент за заедничките потреби и интереси. Секоја компанија или организационен субјект на Фероинвест, делува правно и економски независно. Со секоја компанија раководи посебен управен одбор. Управните одбори на сите членки се состојат од искусни луѓе во бизнисот, дизајнери и инженери, кои се дел од една мотивирана, ефикасна и иновативна корпоративна култура,“, велат од групацијата. Менаџмент На чело на Феро Инвест е Кочо Анѓушев. Тој во периодот од 2003 година тој го основа Феро Инвест ДОО и неколку месеци подоцна Феро Инвест ДОО станува сопственик на 50% од капиталот на компанијата Брако, чија дејност е производство на жичени производи, медицински мебел, помошни медицински направи, телекомуникациска инфраструктура, товарни приколки и транспортни ленти. _MG_4564 Во моментов, Анѓушев е главен извршен директор на Феро Инвест ДОО и EДС ДОО, претседател на бордот на директори на Брако и професор на Машинскиот факултет во Скопје. Н.С. [box type="shadow" ]Иако 2014-та година ќе остане запишана како година во која македонската економија прикажа најголем раст на БДП во однос на регионот, факт е дека земјата се уште е далеку од посакуваните силни економски резултати или показатели. Сепак, изминатата година ќе биде година за паметење за десетина големи и средни македонски компании. Некои од нив успеаа од зоната на неликвидност да испливаат кон позитивни резултати, други градеа рекорди, трети се проширија во својот бизнис или добиваа и добиваат се повеќе нови клиенти. „Алкалоид“, „Адора Инжинеринг“,„Кроација осигурување живот“, „Шпаркасе Банка“, „Стопанска Банка Битола“, „Стопанска Банка Скопје“, „ЕВН“, „Жито Маркети“, „Здравје Радово“, „ЕДС“ „Уни Банка“, растеа заедно со предизвиците на македонската економија, успешно градејќи го својот корпоративен имиџ, како дома, така и во странство. Сите овие компании, од прва до последна покажаа и грижа за општеството, за оние на кои им е најпотребна помошта, на нашите соседи, пријатели, знајни и незнајни херои, со кои судбината на неубав начин си поиграла. Затоа тука се општествено одговорните компании, кои растот на својот бизнис секогаш го следеа со постојани хуманитарни акции. Тие покажаа дека бизнисот не е само сурова трка по пари, туку многу повеќе од тоа. Во изборот на „Фактор“ новинарите ги посочија токму набројаните фирми како бизнис-лидери на 2014-та година.[/box]
Слично

Поврзани вести