Економија, финансии, бизнис

Контакт

Еднократните автобуски карти ќе бидат поскапи од порано

Еднократните автобуски карти ќе бидат поскапи од порано

Со новата примена на електронските персонализирани картички во јавниот превоз, остана нејасно како ќе плаќаат оние патници што не се возат редовно со автобус. Што со оние кои немаат потреба да извадат електронски билет, како на пример луѓе кои се од други градови, а дошле на неколкудневен престој во Скопје, или пак странците.

Од ЈСП велат, дека покрај електронските билети ќе останат во продажба и билетите за едно возење, но ќе бидат значително поскапи.

Од претпријатието не кажаа за колку цената ќе биде повисока.

Со новиот систем на наплата, патниците ќе можат да плаќаат со повикување на бројот 185, со доблужување на мобилниот телефон до валидаторот и со СМС -порака.

Инаку, новиот систем за наплата во јавниот превоз, од Нова Година ќе биде задолжителен за сите и граѓаните ќе мора да платат 200 денари за да си извадат електронска картичка.

Во цената на картичката не се вклучени возења.

Слично

Поврзани вести