Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕДНОГЛАСНО: Мендух Тачи реизбран за лидер на ДПА

ЕДНОГЛАСНО: Мендух Тачи реизбран за лидер на ДПА
Демократската партија на Албанците на 6-от Конгрес едногласно го реизбра Мендух Тачи за лидер на партијата. Од делегатите тој доби мандат за нови четири години. „ДПА постојано е цел на напади, и од албански и од неалбански центри, кои неретко корумпираат членови на ДПА што потоа ги злоупотребуваат, но ДПА нема да попушти и да се растури поради тоа, зашто партиите ја чинат луѓето што ја поддржуваат и веруваат во нејзината програма“, рече Тачи во својот говор. Тој нагласи дека Албанците во Македонија се заморени од деградирањето на нивните политички и економски права, условите за живот, застојот во процесот на интеграција во ЕУ и НАТО, а за тоа ја обвини владејачката ДУИ.  
Слично

Поврзани вести