Економија, финансии, бизнис

Контакт

Еднодневен штрајк ја парализираше Грција: Главното барање на демонстрантите е ова

Еднодневен штрајк ја парализираше Грција: Главното барање на демонстрантите е ова

Еднодневниот штрајк на работниците во Грција, кои бараат повисоки плати, денеска доведе до прекини во патниот, воздушниот и траектниот сообраќај.

Ова е втор штрајк во Грција од почетокот на годината и е организиран на покана на синдикатите на државниот и приватниот сектор, кои претставуваат повеќе од 2,5 милиони членови, пренесува Ројтерс.

Пред парламентот во центарот на Атина се очекуваат голем број демонстранти.

Високите цени на струјата и зголемените животни трошоци предизвикаа штрајкови и протести низ Европа од почетокот на месецот, вклучително и во Германија, Франција и Шпанија.

Од почетокот на годината грчката економија бележи речиси двоен раст во однос на истиот период лани, благодарение на закрепнувањето на туризмот, но инфлацијата е на 12 отсто, што е највисока во изминатите речиси три децении.

„Работниците се борат против инфлацијата која ги гуши грчките домаќинства, нерасчистените услови на пазарот на труд и товарите што со години го носат на грб“, соопшти синдикатот ГСЕЕ, кој е најголем во приватниот сектор.

Во соопштението се нагласува дека најважно е надлежните да преземат мерки за борба против инфлацијата, бидејќи високите цени на струјата и основните прехранбени производи ги одземаат приходите на домаќинствата.

ГСЕЕ заедно со синдикатот на работниците од државниот сектор АДЕДИ бараат зголемување на минималната плата која моментално изнесува 713 евра и обновување на колективниот договор за труд.


ФОТО: ЕПА

Слично

Поврзани вести