ЕДНО ВИДЕО - ИЛЈАДА ЗБОРОВИ, КАКО СЕ ГРАДИ НА ТРИ АВТОПАТСКИ ДЕЛНИЦИ - Николовски со снимка до граѓаните
Вицепремиерот и министер за транспорт, Алескандар Николоски на својот фејсбук профил објави видео на кое се прикажуваат интензивните работи на изградба на автопатите на коридор 8 и 10 д.
„Во следниве 5 минути погледнете како интензивно се работи на 3 автопатски делници
1. Прилеп - Битола
2. Тетово - Гостивар (дел од автопат Скопје - Струга - Охрид)
3. Гостивар - Букојчани (дел од автопат Скопје - Струга - Охрид)
Напорната работа дава резултати!
Одличната координација помеѓу Премиерот Христијан Мицкоски, Министерството за транспорт, ЈПДП и изведувачот Бехтел и Енка ги дава првите резултати" напиша вицепремиерот Николоски.
Слично
