Едно лице загина во судир на воз и автомобил
При судир на воз и автомобил попладнево, меѓу селото Дуброво и Демир Капија загина едно лице.
Несреќата ја потврди и директорот на патнички сообраќај при Македонски железници-транспорт, Кире Диманоски.
„Денеска, околу 18 часот меѓу село Дуброво и Демир Капија, на обележан железнички премин, возот бр.634 удрил во патничко моторно возило „Рено Канго“, при што на местото е починато едно машко лице. Увид ќе се врши, а железничкиот сообраќај е во прекин“ - информира МВР, пренесува МИА.
Судирот бил на патен премин, а засега нема повеќе детали за случајот.
Слично
