Едно лице повредено во експлозија во плинара во Богданци
Едно лице е повредено во експлозија во фабриката за полнење на плински боци „Рапид-Гас“ којашто се случи изутринава во Богданци. Во фабриката на работа биле 11 вработени.
Екплозијата предизвикала пожар, кој во меѓувреме е локализиран.
Ова е втор голем пожар во Богданци, откако пред околу еден месец изгоре православната црква „Св. Атанасиј Велики“.
Слично
