Економија, финансии, бизнис

Контакт

Една третина од парите за туризам ги трошиме во Албанија

Една третина од парите за туризам ги трошиме во Албанија
Македонските граѓани за туристички посети и активности минатата година потрошиле околу 500 милиони евра кај соседните земји, од кои дури 30 отсто во Албанија, истакна македонскиот амбасадор во Тирана Стојан Карајанов на средба со албанската министерка за урбан развој и туризам Еглентина Ѓермени. На средбата Ѓермени побарала побара Албанија и Македонија да креираат заедничка туристичка понуда со која ќе излезат пред туристите од трети земји, а Карајанов ги поканил албанските туристички оператори да се претстават на Саемот на туризмот, што ќе се одржи во Скопје. Албанските туристички оператори во последните години регистрираат пораст на бројот на туристите од Македонија кои летуваат на албанското крајбрежје, но во пораст е и бројот на албанските туристи на Охридското крајбрежје, во Маврово и во Дебарските бањи.
Слично

Поврзани вести