Една третина од Грците пред прагот на сиромаштијата
Последните денови од петата по ред економска рецесија во Грција се одбележува во меланхолична атмосвера. Граѓаните на оваа земја веќе подолг период живеат во сиромаштија, 15, 2 отсто од нив неможат да си ги платат основните трошоци, немаат пари за станарина како и за месечните сметки, а тоа е закана и за 31,3 отсто од популацијата на оваа земја.
Градските власти успеале да обезбедат само една десетина од вообичаените средства за декорација на грчката престолнина.
Само неколку улици и главните плоштади се украсени, меѓу кои е и плоштадот Синтагма која е централно место за собирање на незадоволни граѓани поради наметнатите остри мерки за штедење.
Грците се принудени оваа година да ги поминат празнциите со многу скромна трпеза, со оглед на тоа што нивните приходи, кои според податоците на грчката централна банка во 2011 и 2012 година, се намалени за 22,6 отсто.
Слично
