Економија, финансии, бизнис

Контакт

Една планета не е доволна ако сите трошат како Македонците

Една планета не е доволна ако сите трошат како Македонците
Драстиченo преполовување на риби, птици и цицачи предизвикала човечка активност, покажува овогодинешниот извештај "Жива планета" на WWF од 2014 година Документот е производ на двегодишното истражување на здравјето на Земјата, соопшти светскиот фонд за природата. Податоците на фондот покажуваат дека Србија троши најмалку, а Словенија најмногу природни ресурси во регионот, додека Македонија се наоѓа во средина. Постојано растечката побарувачка на природни ресурси и високи нивоа на јаглерод диоксид, намален во атмосферата на повеќе бројни светски населенија им вршат огромен притисок врз биодиверзитетот на планетата. Тие се закануваат на безбедноста, здравјето и благосостојбата, се вели во документот. Популациите од риби, птици, цицачи, водоземци и влекачи, испитани во извештајот, се намалил за 52% на глобално ниво од 1970 година. Видовите што живеат во слатки води, се намалиле за 76%, што во просек е еквивалентно на речиси два пати поголема загуба отколку кај копнените и морските популации. Број на популации кои се во опаѓање, се стабилни и чиј број расте Еден од индикаторите за статусот на планетата - еколошкиот отпечаток кој покажува дека 27 земји-членки на ЕУ (без Хрватска) живеат над нивоата потребни за една планета. Покрај тоа, тие значително се потпираат на природните ресурси на своите земји. Ако секој просечен човек живее како еден граѓанин на ЕУ, на човештвото ќе му бидат потребни 2,6 планети за да се издржи притисокот врз природата. Според соопштението на WWF БиХ троши од 1,46 природни ресурси од нејзините сопствени капацитети, еколошки отпечаток, додека Србија троши 1,43 Македонија пак 1,7.Според WWF Нивото на потрошувачка во Македонија е за 0,3 отсто поголемо од глобалниот просек. Истражувањето кое го спроведува WWF покажува дека нашиот еколошки отисок со кој се мери потрошувачката на природни ресурси, расте, поради што ќе ни биде потребна една ипол планета за да се обноват сите ресурси. Човечката интервенција постојано го менува обликот на реките што ја уништува нивната природна средина и животот во неа. Затоа WWF започна кампања за реките, за да можеме да го постигнеме одговорно управувањето на овој непроценлив извор. Од WWF дополнуваат дека светските емисии на јаглерод диоксид, кои се главната причина за глобалното затоплување, веќе влијаат на биодиверзитетот и биолошкиот капацитет, заедно со благосостојбата на луѓето, најмногу во однос на обезбедувањето со храна и вода. Јаглеродниот отпечаток на Европа зафаќа речиси 50% од крајниот еколошки отпечаток, поради употребата на фосилни горива како јаглен, нафта и природен гас. WWF сериозно потенцира дека заштитата на животната средина не е меѓу приоритетите на новата Европска комисија, се вели во соопштението. Од сите испитани земји-членки на ЕУ, Белгија, државата - домаќин на европските институции, има еден од највисоките во светот еколошки отпечатоци по глава на жител, оттука е и потребата од 4,3 планети ако секој живееше како еден просечен Белгиец . Тоа принципиелно се должи на присуството на јаглерод во Белгија, кој придонесува со 43% кон крајниот еколошки отпечаток на земјата. Романија има најнизок еколошки отпечаток во ЕУ, кој е еднаков на 1,4 планети, но од организацијата сметаат дека тоа се должи на распаѓањето на индустријата. К.К.
Слично

Поврзани вести