Економија, финансии, бизнис

Контакт

Една од соседните земји размислува за враќање на карантинот

Една од соседните земји размислува за враќање на карантинот

Можно е да се врати карантинот во Албанија. 

Премиерот Еди Рама ги предупреди своите граѓани дека доколку не ги почитуваат протоколите или правилата од Министерството за здравство, ќе мора да се вратат во карантин.

Бројот на заразени расте, и ако вака продолжи, рестриктивните мерки ќе се вратат. 

„Нема да се дозволи никаков вид групирања, вклучувајќи и политички.Слободното движење е гарантирано но собирања, со поголем број од дозволениот со безбедносните протоколи, нема да се дозволи. Полицијата ќе ја спроведува својата должност,без да прави никаква разлика и кој ќе учествува во собири ќе биде казнет индивидуално“, вели Рама. 

Изјави дека нема толеранција за бизнисот и доколку не се почитуваат безбедносните протоколи, освен парична казна на сопствениците им се заканува и затвор.

Казни ќе има и за граѓаните ако не ги почитуваат мерките. 

Во Албанија вчера се регистрирани 69,  а денеска 82 новозаразени, што е највисока бројка од појавата на пандемијата.

За споредба, Србија дневно има над 50 нови случаи. 

Македонија има уште повисок број на инфицирани од Ковид -19. 

Слично

Поврзани вести