Економија, финансии, бизнис

Контакт

Една од најголемите фабрики за канабис во Македонија бара купувач, на новиот сопственик му е блокиран уделот со извршител

Една од најголемите фабрики за канабис во Македонија бара купувач, на новиот сопственик му е блокиран уделот со извршител

Една од најпознатите локални фабрики за одгледување цвет од канабис за медицински цели „Охрид Органикс“ бил преземен од британската компанија „Кинг Филд“ во изминатиот период, но не биле исплатени купопродажните обврски кон претходниот сопственик.

Поради тоа, минатата недела извршител со налог за заплена му го блокирал уделот на новиот сопственик во висина од 516.600.000 денари, односно 8,45 милиони евра. Мери Најдеска, една од претходните сопственици, ни рече дека тоа не е сумата што се побарува како долг за купопродажба, туку дека се работи за запленет удел, како и тоа дека очекува наскоро да се поостигне договор со купувачот.

Таа ни рече дека заплената е поради неплатени обврски по договор за купопродажба и дека фабриката од Охрид, која се простира на над 20.000 метри квадратни, ги има сите потребни дозволи за работење и ги има минато фазите на лиценцирање. Најдеска вели дека новиот инвеститор имал уште поголеми амбиции, но дека се повлекол во изминатиот период. Вели дека минатата година во „Охрид Органикс“ имало три контроли на работењето и се било по пропис. Во кругот на фабриката има залихи и дека, ако нема договор со актуелниот, ќе се бара нов инвеститор за да не биде загрозена лиценцата.

На веб страницата на „Охрид Органикс“ последна информација, објавена минатото лето, е дека е постигнат договор со компанија за откуп на канабис за медицински цели во висина до 4,5 милиони евра во текот на следните 12 месеци. Капацитетот за одгледување требало да биде зголемен на 37 стакленици од 500 метри квадратни. Перформансите биле над 160 килограми берба по циклус од 20 дена.

„ Овој договор воспоставува стабилна основа за приходи за работењето на компанијата во Северна Македонија и се очекува да донесе значајна профитабилност, поддржувајќи реинвестирање во стратешка експанзија на инфраструктурата.

Се очекува завршувањето на проширениот погон за постбербена обработка значително да го зголеми производствениот капацитет, оперативната ефикасност и профитот, позиционирајќи го „Охрид Органикс“ во одржлив долгорочен раст и зголемена вредност за акционерите“, објавено е во соопштението.

Министерот за здравство Азир Алиу изминатиот викенд рече дека  од досега процесуирани десет компании кои имаат лиценци за одгледување на медицинска марихуана, шест се во постапка за одземање. Како што најави, процесот ќе заврши денес кога ќе бидат соопштени причините и имињата на компаниите за кои Комисијата на министерството за здравство утврдила дека не ги исполнуваат условите.

А.К.

Слично

Поврзани вести