Една од најбогатите земји во светот ќе доделува државјанства на странци
Една од најбогатите земји во светот ќе доделува државјанства на оние кои ќе вложат кај нив.
Обединетите Арапски Емирати денеска објавија дека ја отвораат можноста за доделување државјанство на одредени категории странци кои придонесуваат за „развој и просперитет на државата”. Инвеститори, надарени луѓе меѓу кои се научници, лекари, инженери, уметници, писатели и нивни семејства ќе можат да добијат државјанство. Измената на законот им дозволува на кандидатите да го задржат, покрај емиратот, државјанството стекнато при раѓање. Ова е потег што е многу редок во земјите од Заливот. Информацијата на Твитер ја објави премиерот на сојузот на седум емирати и на Дубаи, шеикот Мохамед бен Рашид Ал-Мактум. Емиратите се обидуваат да обезбедат придонес на натурализираните граѓани во „развојот и просперитетот на земјата”, се вели во соопштението на владата. Ова е ретка можност во Персискиот Залив каде монархиите ја ограничуваат можноста странците да добијат државјанство. Странците го сочинуваат огромното мнозинство на населението во Обединетите Арапски Емирати.
ОАЕ лани беа 8-та најбогата земја во светот со БДП од 70.4 илјади долари.