Економија, финансии, бизнис

Контакт

Една од двете фирми што го чистат снегот на македонските патишта е на Митко Јанчев

Една од двете фирми што го чистат снегот на македонските патишта е на Митко Јанчев

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, е сопственик на „ЈА-МИ“, една од двете компании ангажирани од „Македонијапат“ за листење на снегот на македонските автопати, магистрални и регионални патишта оваа зима, објави Пресинг ТВ.

Тендерот е во вредност пд над 16 милиони денари, а за управителот на фирмата која располага со механизација нема ништо спорно, бидејќи ако тие не се пријавеле на тендерот, сега ќе биле затрупани со снег патиштата во југоисточна Македонија.

„ЈА-МИ беше единствениот понудувач. ЈА-МИ е општествено одговорна компанија. Многу од  услугите што ги врши ЈА-МИ се донација од општина Кавадарци“, велат за Пресинг Тв  од правната служба на ЈА-МИ.

Покрај „ЈА-МИ“ од Кавадарци, како втора фирма е ангажирана НБ-Транс Сомпану од Тетово. Две фирми добија договори од „Македонијапат“ за чистење државни патишта во вкупна вредност која не може да надмине 1,56 милиони евра. Има ангажмани на камиони, грејдери, булдожери и багери, натоварувачи на „месечен паушал“ и на „повик“.

Двете фирми биле единствени понудувачи на тендерот на „Македонијапат“


Слично

Поврзани вести