Eдна од балканските земји месецов очекува до 50.000 заразени со корона
До 50.000 заразени со коронавирусот очекуваат месецов во Црна Гора.
Педијатарот Небојша Кавариќ излезе со вакво тврдење. Според него, сите како општество придонеле бројките да бидат големи.Наведува дека овие бројки ќе бидат товар за здравствениот систем, но и дека мора да има јасни и синхронизирани епидемиолошки мерки.
„Мислам на сите, и она граѓаните и на оние кои носат одлуки. Сите направивме бројот на заболени да биде толкав. Едноставни проекции велат дека до крајот на јануари бројот на заболени ќе биде од 40.000 до 50.000“, вели Кавариќ.
Во земјава досега од коронавирусот починаа 2.423 луѓе.
foto freepik.com
Слично
