Економија, финансии, бизнис

Контакт

Една недела пауза за Волво

Една недела пауза за Волво
Поради постојано намалување на побарувачката на автомобили, шведскиот производител на автомобили Волво одлучи да престане со производството на една недела.  Производството ќе престане од 29 октомври па се до 2  ноември, поради рецесијата во автомобилската индустрија која ја погоди и Европа, изјавија денеска од компанијата. Оваа одлука на  менаџментот директно ќе погоди околу 3200 вработени кои ќе бидат испратени на платен одмор. Волво од први октомври одлучи да го забави темпото на производството во фабриката во Торсланд што резултираше со инсталација на 50 автомобили на час, наместо 57 на час како што работеа претходно.  
Слично

Поврзани вести