ЕДНА КРИГЛА ПИВО СКОРО 16 ЕВРА, ЌЕ БИДЕ СКАПО НА ОКТОБЕРФЕСТ: Минхенскиот фестивал со детали за овогодинешниот настан
Градот Минхен
денеска објави дека оваа година на традиционалната манифестација Октоберфест пивото
ќе биде поскапо. Една кригла од литар ќе чини помеѓу 14,50 и 15,80 евра,
што е во просек за 3,52
проценти повеќе од лани кога
посетителите плаќаа меѓу 13,60 и 15,30 евра. Како организатор на фестивалот, градот
проверува дали цените пресметани од угостителите се соодветни и ги споредува со
цените на големите угостителски објекти во Минхен, каде што литар пиво
моментално чини 7,70 и 13,40 евра.
Од 2004 година, цените на пивото на фестивалот се зголемија приближно двојно, бидејќи пред 20 години еден литар чинеше помеѓу 6,70 и 7,10 евра. Овогодинешниот Октоберфест започнува на 20 септември и ќе трае до 5 октомври. Се смета за најголем фолклорен фестивал во светот, а минатата година имаше околу 6,7 милиони гости.
