Економија, финансии, бизнис

Контакт

Една иста фирма и набавила на претходната власт два ЛЕД-дисплеи за милион евра

Една иста фирма и набавила на претходната власт два ЛЕД-дисплеи за милион евра

Во време кога земјата се наоѓаше во криза претходната власт потрошила речиси еден милион евра за набавка на два ЛЕД-дисплеи.

Ова го обелодени денеска директорот на Службата за општи и заеднички работи, Пеце Мирчески.

Тој праша која била потребата некој да набавува ЛЕД-екрани за близу еден милион евра во услови кога Македонија била во севкупна економска и социјална криза

Според постојната документација, првата од овие две набавки е за ЛЕД-дисплеј кој е наменет за фасадата за новата зграда на Факултетот за драмски уметности.  Таа е направена во 2015 година, а за дисплејот се платени 340.000 евра.

Вториот договор е склучен во 2016 година, за набавка на ЛЕД-екран за надворешна употреба, кој е поставен на палата АСНОМ. Овој дисплеј е платен 650.000 евра.

„Симптоматично е што овие исклучително нерационални набавки, платени со пари на граѓаните, ги направила една иста компанија. И во двата случаи фактурите се платени само еден ден по нивната испорака. Владата на Република Македонија, како и сите органи и министерства, ќе преземаат соодветни мерки секогаш кога ќе бидат констатирани и докажани злоупотреба на службената должност и злоупотреба на парите на даночните обврзници, во рамките на процедурите и интерните акти на институциите“ изјави Мирчески.

Тој очекува соодветна постапка од ОЈО за овој случај.

Слично

Поврзани вести