Една грешка и Црна Гора ќе биде стопирана на патот кон ЕУ
Црна Гора може да се соочи со блокада на патот кон Европската Унија (ЕУ). Словенија ја предупреди Црна Гора дека може да ги запре преговорите за ЕУ.
Словенечката шефица на дипломатијата Тајна Фајон ја предупреди денеска Црна Гора дека пристапните преговори со ЕУ може да бидат запрени ако шестиот обид за избор на судии во Уставниот суд пропадне. Фајон вели дека тоа е „сериозна закана“.
„На страна на политичарите е да ститант раце и да да го направат она што се договоривме“, рече Фајон.
Во декември таа заедно со австрискиот шеф на дипломатијата Александар Шаленберг е назначена за посебен известувач на ЕУ за Црна Гора. Владата на премиерот Дритан Абазовиќ од август е во технички мандат, а Уставниот суд не функционира од септември затоа што има само три од вкупно седум судии и не може да носи одлуки. Изборот на судии за Уставниот суд е услов и за одржување на најавените избори. Претседателката на Парламентот на Црна Гора, Данијела Ѓуровиќ ги распиша претседателските избори за 19 март 2023 година. Актуелниот мандат на претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, започна на 20 мај 2018 година.Инаку, имаше анализи кои укажуваа дека Црна Гора е следната балканска земја која ќе стане дел од ЕУ. Во 2012 година, Црна Гора ги почна преговорите со ЕУ.
foto facebook
Слично
