Економија, финансии, бизнис

Контакт

Една година од 24 декември – кој ќе понесе одговорност за поразената демократија во Собранието?

Една година од 24 декември – кој ќе понесе одговорност за поразената демократија во Собранието?
„Борбата продолжува“ - со овој транспарент уште утрово пред собранието се собраа повеќе граѓански активисти за да го потсетат на 24 декември, денот кога пред една година беа исфрлени од собранието пратениците од опозицијата и новинарите, а владејачкото мнозинство само го изгласа буџетото за тековната 2013 година. Во собранието пак опозиционерите од здужената коалиција предводена од СДСМ влегоа со бели маички на кои напред пишуваше „Слобода“ а одзади „Режим“со пречкртани линии. Тие побараа и едноминутен молк, вртејќи и притоа грб на собраниската говорница. Вечно во историјата на Република Македонија со големи црни букви ќе останат врежани имињата на креаторите на најголемиот политички геноцид во државава, црниот 24 декември, истакна лидерот на СДСМ Зоран Заев кој впери прст кон, како што рече нарачателот Никола Груевски, извршителот Трајко Вељаноски, реализитарот Гордана Јанкулоска и мотиваторот Зоран Ставрески. „Соучесници се сите пратеници на власта, личности што врисокот и лелекот на нивните колеги во собраниската сала го проследија со аплауз и воодушевување, “ истакна Заев кој додаде дека никогаш нема да го заборават тој ден и нема да дозволат да се повтори. „Денеска пред вас стојат гордо луѓето, пратениците што на тој ден беа бедемот против узурпацијата на слободата, против прогромот на македонската демократија, против газењето на Уставот и на законите. Пратениците кои ги претставуваат400.000 граѓани кои гласале за нив, беа прегазени на своите работни места од полициските кордони на власта, а новинарите беа отстранети од собраниската сала од своите работни места. Тој ден власта покажа дека не поднесува сведоци на теророт. На денешен ден пред една година, власта го суспендира Уставот, законот и институциите. Од храм на демократија, парламентот го претворија во срам на нашата држава. Го згазија сопствениот народ“, рече Заев кој најави и дека од ден на ден се ближи крајот на оваа власт. Во Собранието пак координаторот на пратеничката група на СДСМ Игор Ивановски побара претседателот Вељаноски да се извини на јавноста. Тој истакна дека 24 декември и донесе голем срам на Македонија,  а една година подицна никој не презема одговорност за настаните. „Бевте марионети и игравте во театарот на Бранко Црвенковски. Тој правеше тензии надвор од парламентот, а вие внатре“, вртејќи се кон опозицијата истакна пратеничката од ВМРО ДПМНЕ, Силвана Бонева. Во однос на новинарите и нивното бркање од собраниската говорница се огласи претседателот на ЗНМ, Насер Селмани. „ЗНМ нема да дозволи забошотување на настаните од 24 декември и ако Уставниот суд не констатира очигледна повреда на Уставот, ќе се обрати до Европскиот суд за човекови права во Стразбур”, соопшти денеска тој. Една година случајот нема правна разврска, Уставниот суд не се произнесе по барањето на ЗНМ, а никој не понесе политичка одговорност, додаде тој. „Доколку институциите немаат сила да се соочат со сопствената одговорност, тогаш нашето право ќе го бараме пред Европскиот суд”, заврши Селмани.
Слично

Поврзани вести