Една глобална компанија е повредна од цела руска берза
Глобални корпорации се финансиски моќни и колку цели државни берзи, покажуваат податоците на Bank of America Merrill Lynch.
Па така, вредноста на еден McDonald's е 109 милијарди,малку повеќе од цела руска берза.
“Adobe” вреди 42 милијарди долари, отприлика колку што е вредноста на полскиот пазар на хартии од вредност. “PayPal” пак вреди колку сите акции на турската берза.
“Intel” со 140 милијарди долари вреди колку цела мексиканска берза, додека “Mastercard” е за две милијарди долари помоќен од берзата во Индонезија.
“Google” и ”Amazon” се само шест милијарди долари помалку вредни од целокупниот пазар на хартии од вредност во Кина.
Слично
