Економија, финансии, бизнис

Контакт

Една европска земја профитираше од Брегзит - имаат нови 10.000 работни места

Една европска земја профитираше од Брегзит - имаат нови 10.000 работни места

Франција економски профитираше од заминувањето на Британија од европското семејство. 

Поради излегувањето на Британија од Европската Унија, во Франција се отворени нови 10.000 работни места. 

„Париз Еуроплас“ проценува дека Брегзит го зголемил бројот на работни места во Франција за вкупно 9.516.

Од Лондон во Париз се пренесени 4.735 работни места во финансискиот сектор, објави француската лоби-група „Париз Еуроплас“.

Се работи за работни места во финансиски компании кои се преселиле од Лондон во Париз, како што се „ЏП Морган“ и јапонска „Номура“, како и француските „БНП Парибас“ и „Сосиете женерал“, кои имаат големи бизниси во Велика Британија.

Бројот на преместени работни места е сѐ уште помал од оние што останаа во Лондон и далеку помал од првичните проценки веднаш по гласањето за брегзит, според кои десетици илјадници работни места наводно требаше да се преселат преку Ла Манш.

„ЕУ консалтинг“ во октомври објави дека повеќе од 7.500 работни места во финансискиот сектор, но и илјадници милијарди фунти веќе отишле во ЕУ.

Британците на референдум одлучија да ја напуштат ЕУ. 

Слично

Поврзани вести