Една европска земја ќе воведе нови санкции за Русија
Италија најавува нови санкции против Русија.
Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани денеска во Горниот дом на Парламентот изјави дека можно е воведување нови санкции против Русија, со цел да се изврши притисок врз претседателот Владимир Путин да почне мировни преговори и да се стави крај на војната во Украина.
„Мора да ги искористиме сите инструменти со кои располагаме за да го отежнеме финансирањето на неговата воена машинерија. Тоа вклучува и нови санкции,“ нагласи Тајани.
Тој додаде дека Италија ќе продолжи да ја поддржува Украина во соработка со европските партнери и НАТО.
Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари во 2022 година.
Слично
