Економија, финансии, бизнис

Контакт

Една европска земја ја престигна Европската централна банка по количината на злато

Една европска земја ја престигна Европската централна банка по количината на злато

Централните банки купуваат злато како никогаш досега, a Полска e меѓу лидерите во Европа. 

Народната банка на Полска ги зголеми своите резерви на злато на околу 550 тони, чија вредност се проценува на повеќе од 63 милијарди евра.

Со ова, Полска ја престигна Европската централна банка по количината на злато и дополнително ја зајакна својата позиција меѓу европските финансиски институции.

Претседателот на Народната банка на Полска, Адам Глапињски, со години нагласува дека златото има посебно место во структурата на државните резерви бидејќи претставува средство без кредитен ризик, независно од монетарната политика на другите земји и отпорно на финансиски шокови.

Целта е 700 тони злато

Амбициите на полската централна банка не запираат тука. Целта е резервите на злато да достигнат 700 тони, додека нивната вкупна вредност треба да се зголеми на околу 400 милијарди злоти, или приближно 94 милијарди евра.

Уште во 2024 година, златото сочинуваше 16,86 проценти од девизните резерви на Полска, додека на крајот од 2025 година, тој удел се искачи на 28,22 проценти, што претставува една од најбрзите промени во структурата на резервите меѓу централните банки во светот.

Централните банки ширум светот купуваат злато

Дури 95 проценти од централните банки вклучени во истражувањето очекуваат дека глобалните резерви на злато ќе продолжат да растат во текот на следните 12 месеци, пишува Euronews.

Фактот дека Полска сега има околу 550 тони злато е особено привлечен бидејќи Европската централна банка има резерви од околу 506,5 тони.

Слично

Поврзани вести