Една деценија од авионската несреќа на претседателот Трајковски
Се навршуваат точно десет години од авионската несреќа во која животот трагично го загубија тогашниот претседател на Македонија Борис Трајковски и членовите на делегацијата со која тој патуваше во Мостар.
На одбележувањето на овој настан во Босна и Херцеговина присуствува претседателот Ѓорге Иванов, кој ќе има обраќање во Ротимље, на местото каде што падна претседателскиот авион.
Пред присутните ќе се обрати и Претседателот на Претседателството на Босна и Херцеговина Жељко Комшиќ.
Иванов ја предводи државната делегација што ќе положи венец на спомен-обележјето во Ротимље.
Десет години по трагичниот настан, Македонија уште ги бара одговорите за причините за авионската несреќа. Нов експертски тим започна одново да истражува што точно се случило со претседателскиот авион.
Комисијата работеше една година, а првиот човек на тимот Омер Кулиќ неодамна најави дека истрагата е генерално затворена и оти резултатите ќе ги објави следниот месец.
Слично
