Економија, финансии, бизнис

Контакт

,,Единство” е новата политичка партија во Македонија

,,Единство” е новата политичка партија во Македонија

Поранешниот генерален секретар на ДУИ, Гзим Острени ја промовираше новата албанска партија ,,Унитети" или Единство.

„Цениме дека албанските партии станаа вазали на ВМРО-ДПМНЕ. Нашата цел е создавање на нова алтернатива за понатамошниот демократски развиток во Македонија" вели Острени.

Gzim-Ostreni-600x336

Тој смета дека Охридскиот договор не се почитувал и оваа партија ќе работела повеќе на градењето меѓуетничка доверба.

Поранешниот најблизок соработник на Али Ахмети за време на воениот конфликт, Гзим Острени вели дека решил да се одвои од ДУИ бидејќи партијата не ја остварила програмата, застранила од своjoт пат и се претворила во приврзаник на владејачката партија.

Од ДУИ не го коментираа формирањето на нова партија, туку рекоа дека чакаат да видат што ќе понудат.

Слично

Поврзани вести