Економија, финансии, бизнис

Контакт

Единствениот патник кој платил карта а не се качил во авионот: Како Гркот Антонис не се најде на кобниот лет кој се урна

Единствениот патник кој платил карта а не се качил во авионот: Како Гркот Антонис не се најде на кобниот лет кој се урна

Гркот Антонис Маврополус задоцнил две минути на летот Адис Абеба - Најроби што на крај му го спасило животот бидејќи тој авион се урна само 6 минути по полетувањето. Загинаа сите 157 патниците и членови на екипажот.

Иако се нервирал бидејќи задоцнил и што не сакале да го пуштат, сега е повеќе од благодарен што е жив. Тој на фејсбук стави и фотографија од авионската карта.

Маврополус инаку, е претседател на непрофитната организација  "International Solid Vaste Association" и требало да присуствува на годишното собрание на Програмата на ОН за животна средина.

-Бев лут бидејќи никој не сакаше да ми помогне да стигнам до капијата на време. Ги гледав луѓето како влегуваат во тунелот и викав да ме пуштат... Сега сум среќен што сум жив-напиша тој.


Полицијата го барала да го испраша зошто доцнел на летот и тогаш ја дознал трагичната вест.

Антонис потоа се обид да го избегне испрашувањето бидејќи не сакал да го пропушти и другиот лет, но полицаецот му рекол дека треба да му се „заблагодари на Бог, а не да протетсира“ и дека мора да го испрашаат бидејќи тој е единствениот патник кој платил карта а не бил во авионот.

По испрашувањето го пуштиле, а тој на интернет проверил дека авионот навистина паднал и веднаш го повикал своето семејство да им каже дека е жив.

-Ова беше мој среќен ден- напиша тој.

Слично

Поврзани вести