Економија, финансии, бизнис

Контакт

Единствениот старечки дом во целиот источен регион ги поскапува цените од септември

Единствениот старечки дом во целиот источен регион ги поскапува цените од септември

Единствениот дом за згрижување стари лица кој функционира во источниот (брегалничкиот) регион на Македонија е оној во Берово, кој има капацитет за 15 пензионери, а на листата чекаат уште 50-тина, објави ММС.

Планираните поголеми регионални домови во Штип и во Кочани засега се далеку од реализација, а интересот за сместување е голем, покрај другото и поради тоа што децата на многу луѓе од третото доба се заминати во странство, па тие остануваат сами и незгрижени

Објектот во Берово е отворен во 2015-та и адаптиран со финансиска поддршка од 140.000 евра од холандската невладина организација „Холандија – Македонија“, а во опремувањето учествуваа беровската локална самоуправа и Министерството за труд и социјална политика. 

Цената сега е 15.000 денари месечно, а 18.000 за корисниците со потреби од посебна помош за бањање, движење, терапија. Од септември ќе биде 18.000, односно 20.000 денари.

– На листата на чекање за сместување во Домот во Берово имаме 50 луѓе и таа постојано се зголемува. По проширувањето што очекуваме да заврши до крајот на годинава, освен сегашните 15, ќе може да примиме уште 14 корисници – вели Марија Умленска,.в.д.директорка на беровскиот дом, првиот во брегалничкиот регион.


Слично

Поврзани вести