Економија, финансии, бизнис

Контакт

Единствени работни дозволи за земјите од Отворен Балкан најверојатно од 1 јануари

Единствени работни дозволи за земјите од Отворен Балкан најверојатно од 1 јануари

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ утрово изјави дека договорот за единствени работни дозволи меѓу земјите во рамките на иницијативата Отворен Балкан најверојатно ќе почне да се применува од 1 јануари идната година и дека останува да се завршат само некои технички прашања.

Тој за РТС од Тирана изјави дека денеска ќе се носат одлуки за увоз на електронски и други системи.

Запрашан што е направено и колку се променило од претходната средба на Отворен Балкан во Белград во ноември, Вучиќ рече дека многу се променило и дека сите тимови донеле одлуки брзо и ефикасно.

„Синоќа разговаравме и со господинот (Димитр) Ковачевски, кој треба да биде нов премиер на Северна Македонија и тој се залага за целосно отворен Балкан и тоа ќе продолжиме да го правиме. Ова го правиме со многу верба и енергија, бидејќи знаеме дека ќе им олесниме на нашите граѓани“, јави Танјуг.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска по повод обидот за палење на српското знаме во Тирана изјави дека секогаш е недозволиво да се сквернават туѓи симболи, но дека албанската држава реагирала „навремено, сериозно и одговорно“.



Слично

Поврзани вести