Економија, финансии, бизнис

Контакт

Единствената челичарница во Баварија го прекина производството

Единствената челичарница во Баварија го прекина производството

Поради поскапувањето на струјата во Германија, фабриката за челик Лех-Шталверке во баварскиот град Мајтинген го прекина производството, пишува Deutsche Wirtschafts Nachrichten.

Компанијата соопшти дека сега е „економски неизводливо“ да се работи. Исто така, германскиот концерн за челик ThyssenKrup AG пријави повеќекратно зголемување на трошоците за електрична енергија.

Концернот ThyssenKrup AG објави дека во последните 6 месеци неговите трошоци за гас и струја надминале сто милиони евра.

Лех-Сталверке произведува повеќе од милион тони градежен материјал годишно и троши енергија колку градот со 300.000 жители. Покрај вработените во подружниците, производниот погон вработува и повеќе од 1.000 работници.

Лех-Шталверке е единствената фабрика за челик во Баварија.

Металушките капацитети за челик кои користат електрична енергија за топење на старо железо трошат многу повеќе енергија од оние што користат традиционални високи печки, кои користат железна руда и јаглен кокс.


Слично

Поврзани вести