Еди Рама заработи кривична пријава за изборни неправилности
Албанскиот премиер Еди Рама ја заработи првата кривична пријава во предизборната кампања поднесена од страна на Социјалистичкото Движење за Интеграција кое го тужи пред обвинителството премиерот со тврдење дека го прекршил законот кога ја поканил полицијата да земе гласови за неговата партија.
Со овој чин, Рама ги прекршил законите кои забрануваат државната полиција да учествува во изборната кампања. Рама со своите постапки кои веќе не ги прави скришно туку отворено и јавно, направил тешки кршења во изборниот процес“, стои во изјавата на СДИ.
Покрај ова, Социјалистичкото Движење за Интеграција бара од претседателот да го свика Советот за Национална Безбедност, „за анализирање на против- законското постапување на премиерот“.
