Економија, финансии, бизнис

Контакт

Еди Рама во Пустец ги испофали Македонците и Пендаровски

Еди Рама во Пустец ги испофали Македонците и Пендаровски

Алванскиот премиер Еди Рама го пофали претседателот на Македонија, Стево Пендаровски, дека сите сили ги вложува за евроинтеграциите, додека неговиот пандан од Албанија, Илир Мета, се однесувал спротивно од тоа.

Ова Рама го спомена за време на вчерашниот говор во Пустец, албанска општина населена со етнички Македонци низ девет села, во рамките на кампањата за локалните избори во земјата.

– Мојот добар пријател, претседателот на Северна Македонја, Пендаровски, е дел од напорите на народот, државата, владата за да ги убедат земјите членки, Советот на Европа дека треба да се отворат преговорите.Тој е претседател со кој треба да се гордееш. Претседателот на Албанија е дел од напорите за спротивното. Тој е дел од напорите до крај да се создаде сомневање дека Албанија не заслужува отворање преговори - наведе Рама, кој е во многу лоши односи со Мета, откако овој не сакаше да ги распише изборите.

Кандидат за градоначалник од општина Пустец во коалицијата на Рама ќе биде Пали Колевски од Социјалистичката партија. Родум е од Пустец, со семејството живее во Корча и е вработен во Царинската управа на Албанија. Негов против кандидат е актуелниот градоначалник Едмонд Темелко од Македонска алијанса за европска интеграција, кој ќе се обиде по четврти пат да ја дибие довербата на жителите од оваа општина.

– Кандидатот Колевски е од вашата заедница. Тој е најдоброто решение. Кога станува збор за малцинствата, не станува збор за број. Северна Македонија е близок пријател на Албанија. Нашите две земји меѓусебно се почитуваат – истакна Рама.

Тој ги пофали Македонците дека се чесни граѓани кои ја почитуваат државата и законот.

Слично

Поврзани вести