Економија, финансии, бизнис

Контакт

Еди Рама во Давос: ЕУ да и даде помош на Северна Македонија, таму Путин е повеќе популарен

Еди Рама во Давос: ЕУ да и даде помош на Северна Македонија, таму Путин е повеќе популарен

Премиерот на Албанија, Еди Рама, на Светскиот економски форум во Давос ја повика ЕУ да и даде поголема помош на Македонија, затоа што таму, како што рече тој, рускиот претседател Владимир Путин е повеќе популарен од Европската Унија.

За возврат Западен Балкан мора да добие повеќе од Унијата, бидејќи како што рече тој, регионот и воведува санкции на Русија, но нема резервни фондови како богатите земји на ЕУ.

„Мора да разбереме едно нешто – да, санкциите се во ред. Но, во меѓувреме земјите членки на ЕУ имаат фондови за закрепнување, за иновации…, кои се над приходите на секоја земја. Ние немаме. Никој во регионот нема. ЕУ мора да нè вклучи повеќе. Не претендирам да добиеме исто фондови како нашите соседи кои повеќе не се Балкан. Но, нешто мора да добиеме. Северна Македонија мора да добие. Постојано зборуваме за Србија затоа што е во тренд, но Северна Македонија е под голем ризик да западне во длабок национализам што може да предизвика многу неволји. Според моите информации, популарноста на Русија и Путин таму е многу повисока од ЕУ“, рече Рама.

Тој додаде дека популарноста на Путин во Албанија, од друга страна, е на минимално ниво.

„Луѓето во Брисел мора да сфатат дека во регион ЕУ оди надолу, Путин се гледа како херој, сè повеќе и повеќе во некои земји. Не во Албанија, кај нас неговата популарност е 0,7 отсто, и тоа е многу за нас бидејќи ние 99 отсто ја сакаме ЕУ, а 100 отсто САД. И мора го зачуваме тоа“, нагласи Рама.


Слично

Поврзани вести